Smart-nedelnik-image

Google е најмногу користениот интернет пребарувач и тоа ни е јасно на повеќето. Минатата недела можевме да видиме еден од начините на којшто од компанијата се осигуруваат дека тоа и така ќе остане.

Според непотврдени информации, во 2014 Google им има платено на Apple 1 милијарда долари за пребарувачот да остане главниот во iOS оперативниот систем.

2578-planets-science-fiction-photomanipulations-fresh-new-hd-wallpaper-best

Како читатели на новости од областа на паметната технологија, не ретко не интересираат и добри филмови во коишто технологијата, науката и слично, се основа за правењето на филмовите. Се разбира, жанрот за којшто мислиме е Научната фантастика, а секогаш кога има некој интересен филм, ќе можете да прочитате за него на нашиот портал.

Интересна статија од Андреј за потсетување на некои од поинтересните НФ филмови коишто треба да ги изгледате, па можеби и по втор или трет пат. Листата можете да ја видите во минатонеделната статија со наслов „5 фантастични филмови кои морате да ги изгледате“, а оваа статија ќе има и продолжение.

bq-m10

Една од најинтересните работи коишто полека стануваат достапни, а можеме да видиме како во иднина ќе бидат најнормални, е можноста нашите мобилни телефони или таблет компјутери да се користат како целосни десктоп компјутери. Напредокот на мобилните процесори и други компоненти го овозможуваат ова, па се почесто ќе гледаме како со додавање на маус и тастатура, нашиот мобилен се претвора во компјутер кој го користиме на поголем екран.

Иако Microsoft го претстави првиот ваков производ на пазарот, Canonical веќе одамна работи и најавува дека нивниот Ubuntu ќе ја има оваа функција, а во нивниот случај е наречена Convergence. Првиот ваков уред со Ubuntu треба да биде таблет компјутер од шпанскиот производител BQ, a очекуваме да биде претставен идниот месец на MWC 2016 во Барселона.

laptop-868816_640

Интересно е да се види дека и после толку поминати години на делење совети за подобра безбедност на интернет, корисниците продолжуваат со своите стандардни навики. Листата на најлошите лозинки за минатата година е скоро иста како и претходната, а главните места се’ уште ги држат лозинките како „123456“ и „password“. Целосната листа можете да ја видите во следната статија.

Останатите интересни и не помалку важни статии од минатата недела се следните:

Претходна статијаGoogle има профит од 22 милијарди долари од Android?
Следна статијаРобот ја решава Рубиковата коцка за нешто повеќе од 1 секунда