Услови за користење

Последна промена: Октомври 2013

Добредојдовте на интернет порталот smartportal.mk. Со самата посета на smartportal.mk, без никакви ограничувања, се смета дека сте запознаени со Условите за користење и истите во целост ги разбирате и прифаќате. Уредниците на smartportal.mk го задржуваат правото за менување на содржината на Условите без претходно известување, а секоја промена на Условите ќе биде јавно истакната на оваа страна и истата ќе важи од датумот на истакнување. Smartportal.mk не е одговорен за било каква настаната штета поради промена на Условите. Условите за користење важат за сите содржини, страници, услуги, интернет домени и поддомени кои се во сопственост на smartportal.mk.

Во случај на понуда на сервиси со посебни Услови за користење, односно различни од Општите Услови за користење, истите ќе бидат регулирани преку нивни посебни Услови. Доколку се јави конфликт помеѓу Општите и посебните Услови за користење, предност ќе имаат посебните услови за користење.

Со користењето на сајтот се согласувате дека нашите услуги можат да вклучуваат и дополнителни комуникации, како: рекламни материјали, известувања, пораки од уредниците и слични пораки.

За сите несогласувања или забелешки со Условите за користење можете да не контактирате на editor@smartportal.mk.

СОДРЖИНА

Содржината на smartportal.mk е напишана од: наши автори, надворешни соработници, партнери, корисници, односно читатели на порталот. Менувањето, позајмувањето, продажбата или дистрибуцијата на таквите содржини се можни само со претходна писмена дозвола од smartportal.mk.

Доколку сакате одредена содржина да биде објавена на smartportal.mk, Вие сте целосно одговорни за вашите материјали, јавно или приватно испратени, закачени, препратени или емитувани на smartportal.mk. Секоја испратена содржина од ваша страна ќе се смета како материјал чија интелектуална сопственост припаѓа на вас и со самото испраќање давате целосни права на smartportal.mk и на нашите партнери да ја користат, изменуваат, дистрибуираат или јавно објавуваат и притоа да го истакнат вашето име доколку е тоа возможно и прифатливо.

Доколку не сакате да ги дозволите овие права на smartportal.mk или на нашите партнери, при јавно или приватно објавување или испраќање на материјалите треба да истакнете дека за користење на доставениот материјал потребно е да биде контактиран авторот и користењето да биде одобрено од негова страна, притоа јасно и видливо истакнувајќи ги контакт информациите на авторот.

Со користење на овој сајт, вие можеби ќе наидете на навредливa или непристоjна содржина или содржина која не е точна, за било какви активности кои ќе произлезат од самото користење на овој портал вие ги сносите сите последици и се согласувате smartportal.mk да не го држите одговорен под било какви услови. Smartportal.mk секако ќе се обиде најдобро што може да овозможи точни и навремени информации во секоја прилика.

На корисниците на smartportal.mk не им е дозволено:

  • објавување, испраќање и размена на содржини кои ги кршат постоечките македонски и/или меѓународни закони, содржини кои се навредливи, вулгарни, порнографски, расистички, шовинистички, заканувачки или е штетен на било кој друг начин;
  • објавување, испраќање, размена и пренесување на информации за кои посетителите знаат или претпоставуваат дека се лажни, а чие користење би можело да им нанесе штета на другите корисници;
  • лажно претставување во име на друго правно или физичко лице;
  • манипулирање со информациите со цел прикривање на потекло на содржините кои се објавуваат или испраќаат преку услугите на smartportal.mk;
  • објавување, испраќање и размена на содржини кои се заштитени со авторски права;
  • oбјавување, испраќање и размена на несакани содржини на корисниците без нивна согласност или барање, како што се промотивни материјали, рекламни пораки, „спам“, верижни писма, лажни наоди или тврдења.
  • свесно објавување и размена на содржини кои содржат компјутерски вируси или слични злонамерни компјутерски датотеки или програми со цел уништување или ограничување на работата на било кој компјутерски софтвер и/или хардвер и телекомуникациска опрема;
  • собирање, чување и објавување на лични податоци на други корисници

ОБЈАВУВАЊЕ НА НАШИ ТЕКСТОВИ

Доколку сте сопственик на сајт кој служи за комерцијални цели или пак сте дел од медиум или некој друг проект и сакате да објавите текст претходно објавен на smartportal.mk треба да ги почитувате следните услови:

  • Не е дозволено објавување на целосен текст во медиум, проект или сајт кој служи за комерцијални цели без претходна дозвола од главниот уредник. Во случаи на референца, дозволено е објавување на 30% од текстот при што задолжително мора да се истакне изворот, доколку вашиот медиум е во електронска форма потребно е да обезбедите линк до материјалот на smartportal.mk.
  • Доколку медиумот не служи за комерцијални цели, дозволено е објавување на целосниот текст, но притоа задолжително треба да се објави името на авторот доколку присутно и линк до smartportal.mk или линк до текстот.

СОДРЖИНИ ОД ОГЛАСУВАЧИТЕ

Smartportal.mk не е одговорeн за содржината на страниците на огласувачите на порталот, ниту за било каква штета настаната од рекламирање на порталот на smartportal.mk.

ЛИНКОВИ КОН ДРУГИ ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦИ

Smartportal.mk содржи линкови кон надворешни страници кои кога е можно ќе се означуваат како такви. Smartportal.mk нема надзор кон податоците, информациите и останатите содржини на надворешните интернет страници кои водат надвор од сопствениот портал и во целост се одрекува од секаква одговорност поврзана со содржините на интернет страниците креирани од страна на трети лица. 

ОГРАНИЧУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ

Smartportal.com се оградува од одговорност за:

  • било каква штета која корисниците ќе ја предизвикаат или претрпат при користењето на порталот, а е резултат на злоупотреба, уништување или оштетување на содржините или функционалноста на порталот;
  • било каква штета настаната од рекламните содржини објавени на порталот;
  • било каква штета настаната со употреба на производите или услугите објавени во рекламните содржини;
  • вистинитоста и точноста на податоците објавени во рекламните содржини, како и достапноста на рекламираните производи и услуги;
  • било каква штета настаната со користење на веб-страниците достапни преку линкови објавени на порталот.

КОМЕНТАРИ НА СТАТИИ

Коментарите на содржините на порталот, објавени од корисниците, не ги претставуваат ставовите, мислењата и препораките на smartportal.mk, ниту се согласуваме или ги поддржуваме на било кој начин.

Smartportal.mk го задржува правото за промена и/или бришење на коментари кои:

  • содржат непристојни изрази
  • содржат закани или клевети
  • содржат говор на омраза насочени кон раса, боја, сексуална ориентација, национална или етничка припадност, возраст, религија
  • промовираат услуги или производи

ПРОМЕНА НА СОДРЖИНИТЕ НА ПОРТАЛОТ

Smartportal.mk го задржува правото на промена, отстранување (привремено или трајно) на било која содржина на порталот без обврска за претходна најава. Smartportal.mk не е одговорен за било каква штета настаната од овие промени.