whatsapp-logo-f

WhatsApp, една од најмногу користените апликации за комуникација во светот, ја трга претплатата од 1 долар којашто корисниците требаа да ја плаќаат годишно, по првата бесплатна година.

Оваа одлука се чекаше веќе одреден период, по купувањето на апликацијата од страна на Facebook. Иако се работи за доста мала сума, сепак сигурно има огромен број на корисници коишто баш поради ова решиле да престанат да ја користат оваа апликација и да се префрлат на некоја од конкурентните, како Viber или Facebook Messenger.

Промените ќе се интегрираат во сите верзии од WhatsApp апликацијата во неделите што следат.

Од компанијата истакнуваат дека ова не значи дека корисниците треба да очекуваат појава на реклами во апликацијата. Начинот на којшто тие планираат да продолжат со приходи е преку воведување на можност за бизнисите да комуницираат со своите корисниците преку WhatsApp. На овој начин компанијата би продолжила да добива пари, но не од обичните корисници.

Инаку, според последните информации WhatsApp има повеќе од 900 милиони активни корисници во текот на еден месец, што ја прави една од најмногу користените вакви апликации.

Од минатата година, корисниците добија можност и за аудио повици, со што WhatsApp стана уште поконкурентна на пазарот.

Извор: WhatsApp

Претходна статијаLumia 650 ќе биде последниот Lumia телефон и ќе биде претставен идниот месец?
Следна статијаSamsung спрема нов фитнес тракер со интересен кружен дизајн
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.