За нас

Facebook profile picture

Smartportal.mk е оформен од ентузијасти за технологија, кои својот интерес и познавање сакаат да го пренесат на читателите во Македонија. Ние ги следиме новостите во светот на технологијата и го надградуваме своето познавање веќе подолг период. Технологијата станува сé покористена во обичниот живот, па интересот за познавање на истата, а посебно новостите кои што станаа дел од секојдневниот живот, станува сé поголем. Веќе нема човек што не користи некој од огромниот број на достапни паметни телефони, таблет компјутери… Зошто и не би ги користеле ? Тие нудат можности и функции, што не биле ни замисливи до пред 20 години. Бројот на уреди е голем и станува сé поголем, на нив има огромен број на апликации, страните со корисни сервиси на интернет мрежата е огромен. Затоа нашата цел е да ги поедноставиме, организираме и направиме достапни преголемиот број на информации кои што растат со сé поголемиот број на уреди и сервиси достапни на пазарот.

На овој портал можете да прочитате сé што е поврзано со таканаречената “паметна“ технологија. Новости за мобилните телефони, таблети, десктоп и лаптоп компјутери, играчки конзоли, геџети, мислења и рецензии на истите, совети и трикови. Сервиси како социјалните мрежи, новостите поврзани со нив, совети, предлози и слично.

Нашата цел е да информацијата која во денешно време е сé побарана, меѓутоа достапна во голем број, ја направиме лесно достапна за вас, публиката во Македонија. Се разбира вашите предлози и критики се секогаш добредојдени, како би можеле овој портал да го направиме што покорисен  за вас, а името да биде навистина заслужено.

Тимот кој што е дел од Смартпортал можете да го видите на следната страна.

РЕДАКЦИЈА


СМАРТПОРТАЛ ДООЕЛ од мај 2018 го потпиша Етичкиот Кодекс од IAB Macedonia. Кодексот има за цел да ги пропише правилата на најдобрите практики во дигиталното издаваштво и огласување, со цел сите индивидуални лица и компании кои се поврзани со дигитално издаваштво и огласување и кои делуваат на територијата на Р.Македонија меѓусебно да ги регулираат и заемно да ги почитуваат правилата за фер, етички и добри професионални практики во врска со креирањето и објавувањето на содржини, производи и услуги кои ги нудат преку своите дигитални медиуми.