Со измените на Законот за електронски комуникации, кои се однесуваат на мобилните мрежи, a кои наскоро ќе се најдат во собраниска процедура веројатно ќе бидеме прва земја кој го усогласила своето законодавство во делот на сајбер-безбедноста со препораките на Европската комисија која минатата година спроведе проценкаа на ризиците од инплементацијата на 5Г мрежата.

„Од таа процена произлезе еден комплетен документ изготвен врз база на анализа на одговори и документите добиени од сите земји членки. Овој документ содржи препораки од каде произлегуваат обврска на сите земји членки и земји аспиратори за влез во ЕУ, да ги усогласат своите законодавства согласно препораките на ЕК. Практично цела Европа сега ќе пристапи кон измени на законодавствата да се усогласат со овој документ. Затоа и сите законски измени во нашиот Закон практично се влечат од овие препораки. Втората обврска произлегува од членството во НАТО бидејќи како земја членка имаме обврска што побрзо да ги имплементираме тие законски измени кои ќе се однесуваат на сигурноста во 5Г мрежите“, вели Сашо Димитријоски, директор на Агенција за електронски комуникации во интервју за Фактор.

Претходна статијаNanowave Air од американската Dynamics го уништува SARS-Cov-2 и другите вируси со ултра виолетова светлина
Следна статијаКои се визиите за Скопје во 2070 година?