Dynamics е американска компанијата која својата технологија во целосно друга област ја искористува за креирање на мал прочистувач на воздух кој наводно е првиот кој целосно го деактивира новиот корона вирус, односно SARS-Cov-2.

Начинот на којшто овој мал и пренослив прочистувач на воздухот го постигнува овој ефект е преку ултра виолетови светилки со висок интензитет кои според производителот ги деактивираат вирусите за две илјадити дел од секундата, поточно 99% од нив со можност за испуштање на 5 литри прочистен воздух во секунда.

Nanowave Air е замислен да се користи во ситуации кога мора да има одредено групирање на луѓе во затворен простор каде тешко се постигнува доволно добро проветрување на воздухот. Прочистувачот треба да е насочен кон луѓето и со тоа да прави струење на воздухот додека во исто време донесува чист, односно од вируси ослободен воздух.

Од Dynamics даваат повеќе примери за каде тие сметаат дека нивниот Nanowave Air би можел да се користи, како на пример во стоматолошките ординации, во хотелите, во домот, во тоалетите, училниците, конференциските простории и слично.

ИЗВОРVB
Претходна статијаРСБСП со потсетување: Од 15-ти ноември задолжително носење на зимска опрема во возилото
Следна статијаЌе бидеме првата земја која го усогласила своето законодавство за сајбер-безбедноста со препораките на НАТО и Европската комисија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.