Една од основачите на Microsoft Games Studio, како и клучен член на тимот при развојот на првиот Xbox, Лора Фрајер, објави видео во кое ја истакнува својата загриженост за иднината на оваа играчка конзола.
Таа смета дека Microsoft изгледа веќе не планира сериозно да го развива хардверот, односно главното внимание и стратегијата ќе бидат насочени кон пристапот на Xbox игрите од било која платформа.
Фрајер смета дека стратегијата на Microsoft за Xbox ќе се сведе на ставање на логото од конзолата на хардвер направен од страна на компаниите партнери, како на пример Asus кои претставија две играчки конзоли наречени ROG Xbox Ally и ROG Xbox Ally X.
Таа го продолжува видеото со краток осврт на почетоците на Xbox, односно како Microsoft влегуваат во овој бизнис затоа што Sony веќе почнале да привлекуваат доволно „гејмери“ со нивата PlayStation конзола.
Посебен дел Фрајер издвојува за анализа на двете нови конзоли од Asus, а посебно интересни се критиките за Windows и истакнува дека кога заминала од Microsoft, на сите свои компјутери инсталирала Linux.
Потоа Фрајер говори за еден од клучните фактори кои се одлучувачки при купувањето на играчка конзола и зошто PlayStation „победи“ во овој дел, а тоа е достапноста на ексклузивни игри.
Најавите дека Microsoft планира дополнително отпуштање на вработени, таа смета дека ќе го погоди најмногу Xbox делот и со тоа корисниците не треба да очекуваат некои посебни нови игри.
Целото видео можете да го погледнете во продолжение.