Има уште доста време додека OpenAI го претстави нивниот прв уред кој секако ќе работи на основа на вештачка интелигенција. Овој уред се очекува дека ќе привлече огромно внимание, а на тие очекувања додава и фактот што на него работи Џони Ајв, човекот кој стои зад дизајнот на iPhone, iPod и уште неколку други успешни уреди од Apple.
Првично се веруваше дека OpenAI работи на веќе виден тип на уреди, но сепак изјава во судски процес против името „io“, стартапот на Џони Ајв кој стана дела од компанијата, ги намали вакви очекувања.
Според Bloomberg, уредот на којшто работат OpenAI и Џони Ајв е пенкало, кратко кажано. Ова влегува во најавите дека од компанијата не планираат да претстават замена за телефоните, туку трет уред кој ќе ги надополни двата, телефоните и компјутерите, без кои корисниците не можат.
Како дел од причините поради кои се верува дека компанијата работи на пенкало е и фактот што Џони Ајв има лична колекција на разни видови на пенкала, па се смета дека големи се шансите тој да има решено да го модернизира овој „предмет“.
Во објавата од Bloomberg се продолжува со објаснување дека пенкалото би имало микрофон и звучник, а можно е и додавањето на камера, како и проектор. Овој уред би било „природно“ да биде на бирото од корисниците, а е доста едноставно да се земе со себе.
Со оглед на популарноста на телефоните, јасно е дека ќе поминат уште доста години додека тие бидат надминати со некој друг уред или едноставно да се намали нивното користење генерално. Поради тоа, што и да претстават од OpenAI, јасно е дека ќе мора да биде во некој правец како што е паметно пенкало и се прашувам дали ќе успеат да направат огромен успех.