Фото: Shutterstock.com

Windows 11 покрај одличниот редизајн, дојде и со неколку нови функции, како на пример Widgets делот кој во некоја од наредните верзии од системот, ќе добие поддршка за „виџети“ од трети страни.

Доколку сте корисник кој повеќе претпочита да ја користи тастатурата, наместо глувчето, во продолжение ви споделуваме неколку кратенки за тастатурата. Со овие кратенки некои од работите може да се направат без потреба од користење на глувчето, а ова е посебно корисно доколку компјутерот го користите за пишување, па рацете често ви се на тастатурата.

КратенкаАктивност
Windows копче + WСе отвора Widgets делот
Windows копче + NСе отвора центарот за известувања
Windows копче + ZСе отвораат Snap позициите за поставување на прозорите на страните од екранот
Windows копче + Alt + стрелка нагореПоставување на селектираниот прозор на горната половина од екранот
Windows копче + Alt + стрелка надолуПоставување на селектираниот прозор на долната половина од екранот
Windows + CСе отвора Microsoft Teams, апликација која сега е интегрирана во Windows 11

Ова секако не се сите кратенки, а ги има многу, па овие се тие кои се карактеристични за Windows 11 и со кои може да се направат некои од најчесто користените активности.

Претходна статијаШто очекуваат младите од работодавачите и како до професии на иднината кои ќе ги задржат младите во земјава
Следна статијаСеавус се приклучува кон Atlassian Platinum Solution Partnership
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.