Рангирањето на Solution Partner програмата на Atlassian ја одредува длабочината на стручноста и искуството во користењето на продуктите на Atlassian. Стекнувањето Platinum ранг ја потенцира тековната вложеност и посветеност на компанијата во развојот на ITSM и Cloud капацитетите преку континуирана едукација и сертификација на своите ценети вработени.

„Исклучително сме среќни и горди на сите овогодишни достигнувања – го преминавме мошне значајниот праг од 250 вработени, вложувајќи во нивната стручност и континуиран раст, стекнувајќи нови клиенти и соработувајќи со големи компании. Тоа посебно важи во моментов, кога сме презадоволни со постигнувањето на нашата цел, односно со примената на највисоките стандарди на сертификација и консултантски услуги за нашите клиенти, користејќи ги производите на Atlassian преку Platinum партнерството на Сеавус со Atlassian“, изјави Ружица Калкашлиев, секторски менаџер во Сеавус.

„Во оваа прилика, би сакале да изразиме неизмерна почит и благодарност до нашиот ценет тим за посветеноста, трудот и напорната работа, кои го овозможија ова значително достигнување. Нашите вработени се, несомнено, катализаторот што му овозможува континуиран раст на тимот!“, изјави Чедомир Димитровски, менаџер за поддршка во Сеавус.

Со својата професионална компетентност, стручноста во конфигурацијата на производите, со обуките и развојот, како и со приспособените бизнис решенија, Сеавус обезбедува напредни решенија за имплементација, одржување и поддршка на производите на Atlassian.

Како Platinum партнер на Atlassian (Atlassian Platinum Solution Partner), експертите на Сеавус ги исполнија највисоките критериуми за обука, што ги демонстрираат докажаните практики, кои опфаќаат спектар од мали до големи компании. Како Platinum партнер, целта на Сеавус е да им помогне на бизнисите ширум светот да им служат на своите клиенти на подобар и одржлив начин, создавајќи софтверски решенија соодветни за нивниот индустриски сектор. Комбинирајќи ја својата стручност со широкиот спектар на Atlassian алатки, компанијата е подготвена да ги исполни очекувањата на клиентите, овозможувајќи им да го искористат целосниот потенцијал на софтверот.

Претходна статијаНеколку кратенки за тастатурата за побрза работа со Windows 11
Следна статијаApple ќе ги штити корисниците од таргетирани напади на нивните уреди од страна малициозен софтвер нарачан од властите