Microsoft ја воведе Delivery Optimization функцијата уште во Windows 10, а истата овозможува надградба на системот користејќи и други компјутери како извор, не само серверите на компанијата.

Ова е нешто што ја намалува оптовареноста на серверите на Microsoft, но исто така може да е одлично за компаниите кои може да ја намалат количината на симнати податоци инсталирајќи ги надградбите без потреба да се симнат истите датотеки на сите компјутери.

Сепак, за обичните корисници ова значи дека датотеките симнати на нивниот компјутер при неговата надградба, може да се користат за надградба на други компјутери.

Ова значи дека компјутерот непотребно, а најчесто и без знаење на корисникот, ќе прикачува на интернет и со тоа ќе го троши интернет сообраќајот на корисникот, како и малку од ресурсите на компјутерот.

Поради тоа, оваа функција може да се исклучи, па надградбите да се добиваат само од серверите на Microsoft, а со тоа и ќе се прекине со прикачување на други компјутери.

Доколку имате повеќе компјутери на истата мрежа, добро е што може да се остави вклучена функцијата само за таа мрежа.

Во Windows 11, а функцијата исто е наречена и на Windows 10, Delivery Optimization може да се најде во Settings > Windows Update > Advanced Options > Delivery Optimization.

Во овој дел е достапна опцијата Allow downloads from other PCs, со чие исклучување ќе се прекине користењето на други компјутери од интернет. Надградбите ќе се симнуваат само од серверите на Microsoft, а со тоа и вашиот компјутер веќе нема да се користи за надградба на други.

Претходна статијаSamsung Electronics и корисниците на Galaxy досега собраа над 10 милиони долари за глобалните цели
Следна статијаReuters: Netflix ќе биде нареден на шопинг листата на Microsoft
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.