Компанијата за развој на софтвер и консултантски услуги, Сеавус, која е дел од групацијата Арикома, во текот на минатиот месец ја спроведе Телеком талент програмата, во чии рамки компанијата и оваа година организираше обука од областа на телекомуникациските технологии. Годинашната обука се одвиваше онлајн и беше наменета за студенти и млади професионалци кои сакаат да се занимаваат со кариера во областа на технологијата и телекомуникациите.

Програмата е единствена можност за професионален развој преку учење од најдобрите луѓе во оваа област. Телеком дивизијата на Сеавус има повеќе од 250 експерти со многу успешни проекти зад себе и над 20 години искуство во развој и системска интеграција на напредни телекомуникациски решенија. Обуката е наменета за дипломирани студенти или студенти запишани во последната година од своите студии за информатички и компјутерски науки, како и за сите оние кои имаат технички познавања од оваа индустрија и сакаат да се дообучат. Телеком талент програмата нуди можност за стекнување стручност за една од водечките платформи за наплата. Сеавус е всушност единствената компанија на Балканот која едуцира и вработува вакви кадри. Вработените ќе имаат можност и да работат за некои од најдобрите телеком оператори во Европа.

По тој повод разговаравме со Александар Стојанов, Junior Developer, Маја Николовска, Junior Testing инженер и Јелена Поп Трпева, QA Manager (Telecom) и ментор на Талент програмата на Сеавус.

1. Како се одлучивте да се пријавите на Телеком талент програмата на Сеавус и како изгледаат обуките?

Александар: Листајќи ги огласите за работа, случајно го видов огласот на Сеавус за Телеком талент програмата. Откако детално го разгледав огласот, истражив што и како се учи на Талент програмата и се заинтересирав да се пријавам на истата.

Најмногу ме примами и можноста за вработување после завршувањето на програмата.

Тогаш Телеком талент програмата за прв пат се спроведуваше онлајн.

Обуката траеше некаде четири недели и беше опфатено се од почеток за успешно навлегување во телеком индустријата и платформите за наплата.

Предавачи на обуката беа искусни луѓе вработени во Сеавус и успешно ни го пренесоа сето потребно знаење.

Маја: На талент програмата за Телеком се пријавив случајно. Барав компании каде што ќе започнам со пракса и на сајтот на Сеавус имаше објавен оглас за обуката. Се пријавив веднаш и по некое време имавме тестирање и ме примија на обуката. Телеком талент програмата беше во времетраење од 1 месец. Обуката ја водеа тројца девелопери и тројца тестери. Првиот дел од обуката имавме вежби каде што решававме задачи и го учевме целиот процес за платформата за наплата, а вториот дел учевме за тестирање кое исто така се состоеше од теоретски и практичен дел. Целата обука беше навистина интересна, имавме можност да учиме од доста искусни луѓе кои несебично се трудеа да ни го пренесат знаењето и преку доста примери од секојдневниот живот. На крајот од обуката имавме тестирање за двата дела каде што подоцна ме одбраа да бидам дел од тестинг тимот во Сеавус.

2. Кажете нѝ нешто повеќе за вас? Како ја започнавте вашата кариера во Сеавус и кој е вашиот актуелен статус во компанијата?

Александар: Имам27 години, студирав на факултетот за информатика во Штип.

За себе можам да кажам дека сум тимски играч и љубител на технологијата.

Почетокот на мојата кариера во Сеавус беше Телеком талент програмата, па после завршувањето на програмата веќе повеќе од 9 месеци сум вработен како Јуниор Девелопер.

Маја: Дипломирав на факултет за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје. По извршеното тестирање од обуката за Телеком талент програма добив понуда за вработувања во Сивус како Junior Test Engineer. По моето вработување имав можност да учам автоматско тестирање. (Selenium со Java). Целиот процес на учење беше доста интересен и предизвикувачки. Отсекогаш сакав да навлезам во водите на автоматското тестирање и ова навистина беше одлична прилика. Секојдневно имавме задачи преку чие решавање ги усовршувавме основите на автоматско тестирање.

3. На кои проекти работите во моментов и што ве мотивира да останете во Сеавус?

Александар: По завршувањето на Телеком талент програмата и со вработувањето во Сеавус, бев и сум дел од интерни проекти поврзани со Salesforce.

Најголема мотивација е работната средина која ја има во Сеавус, каде секого можеш да прашаш за помош и сите меѓусебно соработуваат како една целина.

Можноста за напредок и усовршувањето на моите вештини исто така се дел од многуте работи кои ме мотивираат да останам во Сеавус за да ја градам мојата кариера.

Маја: Моментално работам на проект поврзан со телеком системот кој го научив на талент програмата, како и тестирање на APIs (Rest APIs) во Postman. Проектот на кој работам е доста голем и сметам дека секој нов ден носи свои предизвици и секој ден учам нови работи. Работам со одличен тим кој се состои од девелопери и тесрери и scrum master. Сметам дека најбитно е да има позитивна и пријатна атмосфера за работа, да се сложувате и да се подржувате сите во тимот бидејќи на крајот тимската работа носи позитивни резултати. Многу ме радува тоа што имав можност за кратко време да научам, мануелно тестирање вклучително и APIs, основите на автоматско тестирање на графички интерфејси a моменталноучам и автоматско тестирање наRest APIs. Сеавус е компанија која што навистина го цени секој свој вработен и сметам дека е одлична можност за секој кој сака да ја започне својата кариера бидејќи постојано можеш да се надоградуваш и  да учиш нови работи.

1. Како се соочи со предизвикот да бидеш ментор на талент програмата и кои беа твоите обврски?

Во телеком талент програмата вклучени се повеќе ментори, сите експерти во телеком доменот кои имаат една единствена цел: на учесниците успешно да им го пренесат своето знаење и своите искуства  поврзани со развој и тестирање на софтвер наменет за телеком оператори. Сивус низ годините има спроведено повеќе итераации на талент програмата. Од година во година, предизвикот со овие програми е освежување односно обновување на материјалот и негово адаптирање со напредокот на технологијата, дигитализацијата и останатите трендови во телеком светот. Низ текот на годините сум имала разни задолжениа како организација, изведба/менторство и селекција на кандидати. Оваа година моите обврски беа директно поврзани со ревизија на содржината во талент програмата и изборот на кандидатите. Останатите ментори со многу голема посветеност се погрижија успешно да ги воведат учесниците во процесите на програмирање и тестирање на системи за наплата наменети за телеком оператори.

Би сакала да додадам дека од минатата година започнавме и нова талент програма со фокус на автомаско тестирање. Беше мое задоволство и привилегија да ја воспоставам и спроведам за првпат како и да подготвам ментори за следните итерации на истата.

2. Кои се најважните придобивки од Телеком талент програмата и со какви знаења и вештини можат да се стекнат кандидатите?

Телеком талент програмата нуди знаења и вештини кои што инаку би можеле да се стекнат само со работно искуство во телеком индустријата. Всушност материјата која се обработува во талент програмата е збир на најзначајните знаења и вештини произлезени директно од долгодишното искуство на телеком експертите во Сивус  кои работат со големи и познати телеком оператори низ светот, вклучувајќи и сателитски оператори. Телеком системите се многу комплексни и уникатни системи и притоа на интернет нема лесно достапни информации за нив. Поради тоа многу е тешко, можеби и невозможно некој проактивно и индивидуално да се стекне со знаењата потребни за работа со телеком системите. Дополнително во рамки на програмата се учат и процеси на работа, основни програмерски вештини како и начини на развој и тестирање на софтвер кои што се задолжителни вештини за секој софтверски инжињер. Сметам дека најголемата придобивка од програмата е тоа што учесниците за само 1 месец се стекнуваат со знаење и вештини ( основи за софтверско инжињерство и уникатно знаење за телеком системи ) кои што преку работно искуство се стекнуваат за година дена па и повеќе. Секако важна придобивка за учесниците е можноста за вработување која ја добиваат преку телеком талент програмата а со тоа и можност да го применат стекнатото знаење при работа на интересни проекти.

3. Која е твојата препорака за тие што се двоумат, зошто да се приклучат на Телеком талент програмата на Сеавус?

Како што веќе спомнавме телеком системите се комплексни системи, меѓутоа тоа не треба да биде причина за двоумење, бидејќи во рамки на телеком талент програмата содржините се соодветно организирани и поедноставени така што се лесни за следење и брзи за учење. На сите кои што се заинтересирани да започнат професионална кариера како програмери или тестери, обемноста на телеком архитектурите им дава можност за работа на најразлични системи и апликации како и разни технологии. За храбрите кандидати кои што не се двоумеле да се пријават и успешно ја поминале талент програмата следат одлични услови за работа и професионален напредок, позитивна енергија и пријатна работна атмостфеа, разновидни поволности (социјални, спортски, итн. ) кои ги нуди Сивус на своите вработени.

Претходна статијаApple ги нарече Meta дволични поради планот да наплаќаат скоро 50% провизија на купувањата во „метаверзумот“
Следна статијаTesla веќе нема да вклучува кабли за полнење со нивните нови автомобили