Одлична вест за сите љубители на крими содржини – во јуни на Pickbox NOW доаѓаат повеќе документарни серии и филмови за неверојатни приказни и интересни случаи кои своевремено го шокираа светот и ги полнеа медиумските содржини. Во продолжение ви ги претставуваме најинтересните наслови.

Богати и ослободени (Rich and Acquitted)

Документарниот серијал за вистински настани Богати и ослободени пристигна на Pickbox NOW. Оваа документарна серија истражува шест озлогласени случаи на славни личности и други изразито богати обвинети сторители кои ги употребиле своите огромни ресурси за да ги задржат врвните адвокати со цел да побегнат од правните ситуации кои инаку би го уништиле секое нормално човечко суштество. Случаите кои се истражуваат се О.Џ. Симпсон, Мајкл Џексон, Р. Кели, Оскар Писториус, Роберт Блејк и Келвин Бродас, викан Снуп Дог.

Ноќниот посетител (The Night Caller)

На 9 јуни доаѓа документарниот серијал за најозлогласениот австралиски сериски убиец Ноќниот посетител. Серијата го прикажува и го истражува мачното наследство на убиецот – трагедијата, тагата, одговорноста и искупувањето – видено низ очите на режисерот кој се враќа во својот дом од детството и поминува време со оние кои се најблиску до убиецот и неговите жртви чии животи неповратно ги променил. На почеток на шеесеттите, Перт бил сончев, мирен и невин град, сè додека не го уништува вител на ужасни, различни, наизглед бесмислени убиства, кои локалната полиција не успева да ги поврзе и да му ги припише на еден човек сè додека не станува предоцна, а потоа започнуваат прикривањата, но со трагични последици.

Со невиден пристап до жената на убиецот и двајцата мажи погрешно осудени за неговите злосторства, ова е серија за уништувачките последици на сериското убиство и за тоа како неговите жртви, вклучувајќи ја неговата жена и оние погрешно осудени за неговите злосторства, се спојуваат низ тагата и неправдите, во потрага по затворање на случајот и искупување, што вклучува конечно повикување на полицијата на одговорност.

Убиството на Мередит (The Murder of Meredith)

На 16 јуни доаѓа документарецот Убиството на Мередит кој сака да ја преобликува приказната за страшните настани кои се случиле пред 15 години. Имено, на 1 ноември 2007 беше празникот ‘Сите светци’, државен празник во Италија. Италијанските цимери на студентката од странство Мередит Керчер биле надвор од градот во посета на семејството и колегите студенти, а американката Аманда Нокс била во куќата на своето момче Рафаело Солецито. Таа вечер Мередит отишла кај три британски пријателки на пица и потоа во кино, заминувајќи околу 20:45 ч., а дома ја испратила една од ‘девојките’. Тоа е последен пат кога Мередит е видена жива.

Во текот на следните осум години, животот и угледот на Мередит ќе бидат уништени, а нејзината приказна ќе биде засенета од приказната на нејзината цимерка Аманда Нокс, која е обвинета како една од трите личности одговорни за смртта на Мередит. Преку зборовите на оние вклучени во случајот, The Murder of Meredith ги испитува доказите, егото и грешките кои на семејството на Мередит ѝ оставија повеќе прашања отколку одговори.

Да се убие Ескобар (Killing Escobar)

На 19 мај доаѓа документарниот филм Да се убие Ескобар, вистинска приказна за мисијата за атентат врз најопасниот човек на светот. Во 1989 година, шкотскиот платеник и бивш оперативец на САС, Питер Мекалис, е најмен од колумбиски нарко-картел да води мал тим на бивши командоси од специјалните сили во мисија за убиство на најголемиот светски нарко-барон Пабло Ескобар. Со пристап до досега невидени снимки од мисијата и интервјуа со Мекалис и други клучни играчи во приказната, Killing Escobar открива како насилното детство на Мекалис во Глазгов, неговата обука во САС и искуството на платеништво во Африка, го довеле до џунглите на Колумбија за да го убие Ескобар и како оваа мисија секогаш ќе му го преобликува животот.

Ел Чапо и Шон Пен: Мешаница во џунглата (El Chapo and Sean Penn: Bungle in the Jungle)

На 19 јуни доаѓа и документарниот филм Ел Чапо и Шон Пен: Мешаница во џунглата. Најбараниот, најопасниот и најбогатиот наркобос на светот прифатил да се сретне со Пен за да го даде првото и единствено интервју откако побегнал од најобезбедениот мексикански затвор. За првпат, камерите влегуваат на состанокот и ја откриваат вистинската приказна за тоа што се случило за кулисите, кој го организирал состанокот, идентитетите на двајцата таинствени мажи кои патуваат со Пен и тајната холивудска личност која вистински ги влече конците, со понуда од 6 милиони долари за правата на животната приказна на Ел Чапо.

Откријте ги сериите и филмовите засновани на вистински настани на Pickbox NOW.

Претходна статијаiPadOS 17 година дена подоцна ги донесува новите можности на „заклучениот екран“ од iPhone, како и Health апликацијата
Следна статијаApple ја претстави првата 15 инчна верзија од нивниот MacBook Air