Фото: Shutterstock.com

Meta можно е да бидат доведени во ситуација кога ќе мораат да ги прекинат своите најважни производи и сервиси, меѓу кои и Facebook и Instagram, истакнаа од компанијата доколку не дојде до договор околу можноста за префрлување, чување и процесирање на податоците од корисниците на сервери во САД.

Од компанијата веќе имаат договори со ЕУ за оваа практика, меѓутоа тие моментално се предмет на ревизија, односно разгледување, по што може да се случи веќе да не важат или да не бидат продолжени.

Една можност која би им била на располагање на Meta е изградба на дата центри во Европа, каде што би се чувале корисниците од европските корисници, меѓутоа според информациите, од компанијата не ја разгледуваат таа можност.

Овие случувања се дел од повеќегодишните политики на ЕУ поврзани со приватноста на корисниците, кои не ретко се предмет на критика дека ги преминуваат потребните граници, односно балансот помеѓу заштитата на корисниците и функционирањето на бизнисите и интернетот.

Од Meta, во извештај кој го испраќаат до американската Комисија за хартии од вредност, истакнуваат дека доколку не дојде до договор на нова рамка или доколку на компанијата не и биде дозволено да ги користи актуелните или нивни алтернативи, компанијата најверојатно веќе нема да може да ги понуди многу од нивните најважни производи и сервиси, вклучувајќи ги Facebook и Instagram.

Се верува дека се работи за блеф од страна на Meta кои не би можеле навистина да ги исклучат нивните два најголеми сервиси од пазар голем колку што е европскиот. За компанијата тоа би значело огромен пад на приходите, што ќе придонесе до дополнителен пад на вредноста на компанијата.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2City AM
Претходна статијаMicrosoft тестира стикери на позадините и нов режим за „одржливост“
Следна статијаТинејџер има креирано Twitter сметки кои ја објавуваат локацијата на авионите на Елон Маск и други познати личности
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.