19 годишниот Џек Свини од Флорида, САД, има креирано повеќе Twitter сметки преку кои автоматски се следи локацијата на авионите на познати личности како Елон Маск, Бил Гејтс, Џеф Безос и други.

Целата работа започна со Елон Маск, од кого Свини има и добиено порака преку Twitter со барање да ја исклучи сметката. Според информациите, Маск му кажал дека се работи за безбедносен ризик и му понудил 5.000 долари за да ја избрише сметката и да му помогне да го направи ваквото следење потешко.

Свини побарал 50.000 долари, истакнувајќи дека на тој начин би можел да ги искористи парите за факултет, а исто така би можел да си купи и автомобил, како Tesla Model 3, на пример. Кога бил одбиен и за ова, понудил да ја тргне сметката, а за возврат да добие пракса во Tesla, но ни тоа го нема добиено.

Интересно е како Џек Свини објаснува дека Елон Маск е негов идол и сепак продолжува да го прави ова што го прави, па дури си кажува дека сака да си купи автомобил.

ИЗВОРThe Guardian
ИЗВОР 2Business Insider
Претходна статијаMeta најавува исклучување на Facebook и Instagram во Европа поради можноста за чување на податоците на корисниците
Следна статијаSignal овозможи промена на телефонскиот број со зачувување на сметката и разговорите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.