Mark Zuckerberg Facebook

Вредноста на богатството на Марк Закерберг, кое во главно се состои во акции од Meta, се намали за 31 милијарди долари, поточно од 120,6 милијарди на 92 милијарди долари, според податоците за богатството од Bloomberg. Ова е едно од најголемите промени во богатството поради промена на вредноста на акциите.

Главната причина за падот на вредноста на акциите на Meta, а со тоа и богатството на Закерберг е објавата на финансиските резултати на компанија оваа недела. Резултатите, иако уште се бројат во повеќе милијарди долари, не ги постигнаа очекувањата на аналитичарите, а најавите се дека оваа година ќе има дополнителен пад на приходите од реклами поради мерките за приватност од страна на Apple.

За првпат исто така дојде и до немање на раст на бројот на активни корисници на Facebook мрежата, иако може да се каже дека тоа беше нешто што со години се очекуваше со оглед на поголемата популарност на Instagram и мрежите како TikTok кај помладите корисници.

На ова треба да се додадат и проблемите со угледот кои ги има Facebook, односно Meta, поврзани со начинот на справување со проблематичната содржина, истрагите од страна на Сенатот и слично.

ИЗВОРBloomberg
Претходна статијаNetflix и оваа година ќе пушта по еден филм секоја недела
Следна статијаTwitter ќе почне да го тестира „downvote“ копчето кај повеќето корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.