Netflix ја објави листата со филмови кои ќе ги има на сервисот оваа година, а исто како и минатата, ќе има по еден нов филм скоро секоја недела. Во 2022 ќе бидат пуштени повеќе од 70 филмови во повеќе категории, па секој корисник би требало да најде нешто интересно од целата оваа листа.

Како поинтересни наслови кои се издвојуваат се вториот дел од одличниот Enola Holmes, The Gray Man со Рајан Гослинг и Крис Еванс, The Mothership со Хали Бери, Hustle и Spaceman со Адам Сендлер, You People со Џона Хил и Еди Марфи и многу повеќе.

Целата листа на филмовите кои ќе може да се гледаат на Netflix оваа година, поделена по категории и објаснување за секој филм посебно, е достапна на овој линк.

ИЗВОРNetflix
Претходна статијаYouTube апликацијата на мобилните ќе добие мали подобрувања на корисничкиот интерфејс
Следна статијаВредноста на Марк Закерберг намалена за 30 милијарди долари по објавата на финансиските резултати на Meta
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.