Тестот кој Twitter го започна минатата година со ограничен број на корисници, сега го проширува за повеќе корисници. Тоа значи дека голем дел од корисниците ќе почнат да гледаат копче во форма на стрелка насочена надолу со чие притискање се „гласа против“ (downvote) на коментарите на објавите.

Ова копче не е замислено да прикажува статистика, односно колку корисници го имаат притиснато, па Twitter ќе го користи за прилагодување на тоа какви коментари му прикажува на корисникот. Тоа значи дека кога корисниците ќе притискаат на ова копче на одредени одговори на „твитовите“, во иднина мрежата нема да им прикажува одговори од ваков вид.

Според тоа што го имаат видено од Twitter за време на тестот кој започна лани, корисниците во главно копчето го користат за две ситуации, кога одреден одговор го сметаат за навредлив и кога го сметаат за неважен.

Корисниците и сега имаат начин да означат одредени одговори, но со ова копче тоа полесно ќе се прави, а посебно за коментарите за кои целта не е да бидат пријавени, туку едноставно корисникот не сака да ги гледа.

Како што може да се види од објавата на Twitter, копчето се прикажува на веб верзијата од мрежата, но наскоро ќе почне да го има и на апликациите на Android и iOS.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаВредноста на Марк Закерберг намалена за 30 милијарди долари по објавата на финансиските резултати на Meta
Следна статијаEdge Bar во најновата верзија од Microsoft Edge додава лента на која се достапни информации и прикачени веб страни
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.