Ко-основачот на OnePlus, а сега основач и директор на Nothing компанијата, Карл Пеи, привлече големо внимание пред претставувањето на првиот смартфон од оваа компанија. Тој до ден денес тврди дека иновацијата кај телефоните е застаната и тие во главно се исти и досадни, најавувајќи голема иновација од неговата компанијата.

Како што се очекуваше, а има причина зошто телефоните делуваат како да немаат што ново да понудат, Nothing Phone (1) не донесува нешто револуционерно на пазарот, а со исклучок на интересниот заден дел, тој од страна и напред доста наликува на iPhone.

Пеи во интервју за Inverse, најавува дека Nothing Phone (2) ќе биде премиум во споредба со претходната генерација, а и голем дел од вниманието при развојот на овој телефон ќе биде насочено кон софтверот.

Nothing Phone (2) може да се очекува накаде до крајот на годината, што е година и нешто по претставувањето на првиот телефон од компанијата минатата година.

Повеќе информации за тоа што може да се очекува од втората генерација од Nothing телефонот не беа дадени, а во интервјуто повеќе се разговараше за тоа дека овој телефон ќе се продава и во САД, нешто што не беше случајот со Nothing Phone (1).

Според информациите, трите производи кои ги продава Nothing се имаат продадено во над 1 милиони примероци, а Nothing Phone (1) во нешто околу 500.000. Ова покажува колку е тешко да се конкурира на големите, но посебно кога тоа се прави со производ за кој има повеќе тврдења од што реално нуди нешто корисно.

Се надеваме дека со Nothing Phone (2) од компанијата повеќе ќе се потрудат да донесат на пазарот квалитетен и добро дизајниран телефон кој ќе има добар софтвер, нешто за кое имаше критики кај првата верзија.

ИЗВОРMacRumors
ИЗВОР 2Android Police
Претходна статијаSamsung утре ја претставува Galaxy S23 серијата – што се очекува и како да го следите настанот во живо
Следна статијаSamsung, во соработка со наградуваниот режисер Чарли Кауфман, го претставува врвното искуство со Galaxy камерата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.