Откако најави дека Dev каналот во Windows Insider ќе почне да се користи за тестирање на експериментални функции во Windows 11, кои може и да не бидат подоцна пуштени за сите корисници, сега ги гледаме и првите такви тест функции.

Од Microsoft исто така истакнаа дека тест функциите ќе им бидат пуштани на дел од корисниците на Dev каналот и дека ќе бидат објавени кога ќе се планира нивното тестирање. Понапредните корисници ги откриваат во кодот на Windows 11 и ги активираат уште пред да бидат официјално пуштени за тестирање.

Без разлика на „истакнувањето“ од страна на Microsoft, овој начин е еден од најдобрите за откривање на нови функции, па денешните новини се откриени баш на тој начин, односно со разгледување на кодот.

Едно од откритијата е стикери за позадината на Windows 11. Што точно треба да прават овие стикери не е точно познато од тоа што моментално е достапно, али изгледа ќе може да се стави стикер со временска прогноза, на пример, како и други информации.

https://twitter.com/thebookisclosed/status/1489921474756583424/

Оваа функција е јасно дека е само експериментална сега за сега. Windows 11 сепак го има widgets делот каде што се достапни „картички“ со информации, па ќе видиме дали од Microsoft ќе се одлучат за дополнителни стикери.

Друга функција која е откриена е „одржливост“, поточно нов дел во Settings каде корисниците ќе можат да вклучат режим кој треба да штеди повеќе енергија, а исто така ќе ги информира за можност за рециклирање на компјутерот.

Microsoft исто така тестира можност за „криење“ на таскбарот при користење на таблет, нешто што е доста слично со стандардниот режим, за разлика од обидот на компанијата за целосно посебен дел во Windows 8.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаMicrosoft ќе го користи Dev каналот во Windows Insider за тестирање на функции кои може никогаш да не бидат пуштени за сите корисници
Следна статијаMeta најавува исклучување на Facebook и Instagram во Европа поради можноста за чување на податоците на корисниците
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.