Со доаѓањето на оваа летна сезона, љубителите на филмот имаат сосема нова причина за славење: оние што веќе ја имаат новата платформа за стриминг Skyshowtime знаат дека им е исполнето ветувањето дека ќе биде ризница на филмска брилијантност. 

Од мистериозни трилери што го држат гледачот во исчекување до топли приказни и мистерии што предизвикуваат размислување, па се до откачени комедии за да се подобри расположението – филмската понуда за ова лето е спектакуларна. Затоа, ви предлагаме да погледнете дел од одличната селекција на филмови на SkyShowtime.

Впуштајќи се во царството на фантазијата, „Dungeons and Dragons: Honor Among Thieves“ филмските љубители ќе посведочат на вистинско ремек-дело. Филмот успева да ги поврзе и посветените обожаватели на играта но и филмските вљубеници. Жестоките ентузијасти на играта „Dungeons and Dragons“, ќе се најдат себеси изненадени од способноста на филмот да ја опфати суштината на саканата франшиза. Со своето раскажување и прецизен фокус на деталите, овој кинематографски скапоцен камен е доказ за моќта на имагинацијата и раскажувањето.

Следниот филм на нашиот радар е „Knock at the Cabin“, филм што почнува со впечатлива премиса: Што ако група странци ви кажат дека доаѓа крајот на светот? Сценарио за моралот и човечката природа. Едноставниот, но интригантен заплет на филмот раскажува за изборите и реакциите пред претстојната апокалипса.

Cocaine Bear“ е откритие ова лето и ве носи на бурно патување кое беспрекорно ги спојува хуморот и возбудата. Со ретро саундтрак кој потсетува на класичните филмови филмот носи носталгична, но сепак свежа енергија. Инспириран од вистински настани, создава искуство што нуди баланс на забава и крвопролевање, комбинација за возрасните кои бараат оригинално и забавно бегство. 

Без разлика дали сте дома, покрај езеро или на планина, па дури и на одмор некаде надвор од земјата – секогаш е добро да имате идеја што следно да гледате, бидејќи SkyShowtime е секаде каде што сте вие. Едноставно, уште денеска претплатете се на новата голема стриминг платформа и уживате во илјадниците часови забава што ги нуди SkyShowtime.

Претходна статијаGoogle започна да ги известува корисниците за планираното бришење на неактивните сметки
Следна статијаLinus Tech Tips ќе прави пауза од објава на видеа по обвинувања за необјективен тест од страна на конкурентен канал