На WWDC 2023 вчера, секако беше претставена и наредната верзија од iPadOS, односно iPadOS 17. Оваа верзија донесува неколку потребни промени, како и новини кои се заеднички со другите системи од компанијата.

Главната новина е поврзана со „заклучениот екран“ и е нешто што не ни е јасно зошто не беше дел од ланската верзија, кога оваа новина беше презентирана со iOS 16. Како и да е, со година дена доцнење, iPad уредите ги добиваат прилагодувањата на заклучениот екран од iPhone.

Ова значи дека корисниците ќе можат да изберат од низа на позадини директно од екранот, а тука е и можноста за избор на дизајнот, а и по ново големината на буквите на часовникот.

„Виџетите“, кои и така беа достапни со повлекување од лево, сега се достапни директно на заклучениот екран и изгледаат уште подобро од тие на iPhone, сепак iPad уредите имаат доста поголеми екрани и со тоа место за овие картички. За разлика од на iPhone, виџетите се поставуваат од левата страна на екранот.

Покрај виџетите, на iPad доаѓа и корисната Live Activities функција, за која искрено уште чекаме да добие поддршка од повеќе апликации.

Втора новина која исто така можеме да кажеме е карактеристична за стилот на функционирање на Apple, е донесувањето на Health апликацијата, дури сега. Корисниците сега ќе можат да ги гледаат статистиките и здравствените информации и од нивниот таблет, во посебно прилагоден кориснички интерфејс за големите екрани.

Виџетите на iPad, исто како и на iPhone, стануваат интерактивни, па сега тие се тука за повеќе од само прикажување на информации, односно на нив ќе може да се притисне и да се промени песната која се слуша, на пример. Интерактивни ќе бидат и виџетите кои се поставени на заклучениот екран.

iPadOS 17 ги добива новините поврзани со Messages и FaceTime апликациите, а Apple посвети посебен дел за подобрувањата поврзани со работата со PDF документи.

Деталите поврзани со iPadOS 17 на страната на Apple можете да ги погледнете тука.

ИЗВОРApple
Претходна статијаwatchOS 10 навистина е најголемата надградба од претставувањето на системот
Следна статијаНа Pickbox NOW доаѓаат сериии и филмови засновани на вистински приказни кои мора да ги гледате
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.