Компанијата SplashData веќе неколку години по ред издава листа на најкористени лозинки врз основа на објавени, а украдени лозинки во текот на годината. Овие листи станаа интересни поради тоа што покажуваат колку корисниците не ја разбираат или не сакаат да ја разберат сериозноста на онлајн сигурноста.
Главните лозинки кои веќе со години се на врвот на листата се познатите „123456“, „password“, „qwerty“ и слични, коишто многу лесно можат и се откривани од хакерите и други групи. Огромен број на корисници се решаваат да ги користат поради нивната едноставност, а поради истата причина многу лесно се откривани и од тие што сакаат да пристапат неовластено да соодветната сметка.
Листата за минатата година е спремна и од неа може да се види дека корисниците си продолжуваат со својот „едноставен“ начин на разбирање на лозинките. Исто како и во 2014 година, главните 2 лозинки на врвот од листата за 2015 се повторно „123456“ и „password“.
Од листата интересно може да се забележи и влијанието на познати филмови во одреден период, во овој случај Star Wars, па на листата од 25 лозинки имаат стигнато и такви како „princess“, „solo“ и „starwars“.
Целосната листа на најмногу користени лозинки е следната:
- 123456
- Password
- 12345678
- qwerty
- 12345
- 123456789
- football
- 1234
- 1234567
- baseball
- welcome
- 1234567890
- abc123
- 111111
- 1qaz2wsx
- dragon
- master
- monkey
- letmein
- login
- princess
- qwertyuiop
- solo
- passw0rd
- starwars
Повторно би препорачале да се користат некој од повеќето достапни софтверски решенија за чување и генерирање на лозинки. Истите нудат можност за автоматско внесување на веб страните, а и апликациите на Android, а корисниците се што треба е да запаметат една главна лозинка.