robot-rubic-cube-1

Колку брзо еден човек може да ја реши Рубиковата коцка, можеби веќе и не е толку интересно. Поставени се рекорди, сите имаме гледано повеќе видеа како луѓе со неверојатна брзина ја решаваат „загатката“, а рекордот моментално го држи 14 годишно дете кое ја има решено коцката за помалку од 5 секунди.

Она што во денешно време на технологија привлекува повеќе внимание е за колку време може да биде решена Рубиковата коцка од страна на робот, односно вештачката интелигенција, алгоритмите и слично.

Најновиот рекорд којшто тек треба да биде потврден моментално изнесува скоро 1,2 секунди. Тоа би требало да биде досега најбрзото решавање на Рубиковата коцка, без разлика дали се работи за човек или робот.

Роботот е направен од страна на Џеј Флатланд и Пол Роуз. Тие имаат направено конструкција којашто работи на основа на Arduino плоча, мотори за движење на коцката, 3Д отпечатени делови, 4 веб камери за следење на коцката и слично. За решавање на загатката користен е алгоритамот на речен Kociemba Algorithm.

На четирите страни од коцката направени се дупки преку коишто „рацете“ на роботот ќе можат да ја движат. Како што може да се види од видеото во продолжение, роботот успева да ја реши коцката за нешто помалку од 1,2 секунди, па кога ќе бидат завршени сите тестирања, ќе биде пријавен за рушење на моменталниот рекорд.

Извор: TNW

Претходна статијаСмартпортал неделник 18 – 24 јануари 2016
Следна статијаWindows 10 Mobile отсега компатибилен и со Intel x86 чипови
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.