Кога нарачал стар и редок Macintosh Plus од Германија кој немал „floppy drive“ и функционално напојување, дизајнерот Кевин Ноки се решава да направи ист таков компјутер, целосно од 3D отпечатени делови.

Тој започнува со мерење и потоа 3D моделирање на компјутерот, по што го отпечатува во неколку делови и се што е потребно потоа за да го направи да изгледа скоро исто како оригиналот.

Целиот процес трае неколку месеци, по што тој успешно го прави да функционира „The Brewintosh“, како што го нарекува својот „Homebrewed Macintosh“.

Покрај тоа што компјутерот функционира на основа на Linux, во него може да се внесе и оригиналната дискета до macOS од тоа време и да се користи.

Интересно, екранот кој го користи е од каса од супермаркет, а за функционирањето на компјутерот искористил HP Thin Client.

Видеото во продолжение го има целиот проект на Кевин Ноки, па навистина е интересно да се изгледа.

ИЗВОРApple Insider
Претходна статијаЕлон Маск најави добивање на бесплатни претплати за корисниците на X кои имаат одреден број на верификувани следбеници
Следна статијаЗошто секој модерен дом треба да користи Samsung Bespoke паметни апарати за домаќинството?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.