Научници од Aston University од Обединетото Кралство успеаја да испратат податоци преку оптички кабел 4,5 милиони пати побрзо до просечните брзини кои ги имаат корисниците во денешно време дома.
Оваа споредба е направена за да се добие претстава за колку голема брзина се работи, но сепак не е потребна со оглед на тоа што максималните брзини не се потребни во домашни услови и во главно прават разлика во поврзувањето на операторите.
Како и да е, брзината која е постигната е навистина голема и ова откритие ќе направи разлика во иднина во време кога потребата од преносот на податоци е се поголем и тоа не е нешто што ќе забави.
Постигнатата брзина изнесувала 301 терабити, односно 301 милиони мегабити во секунда. Ова е постигнато со искористување на постојните оптички кабли, нешто што е доста важно и не би барало промена на целата инфраструктура која веќе постои.
Ова е постигнато со користење на други, неискористени бранови должини, кои во основа претставуваат други бои од светлината која се користи за преносот на податоци кај оптичките кабли.
Научниците Др. Филипс и Форисијак успешно ги искористиле E-band и S-band брановите должини, како надополнување на моменталните C и L кои се користат. За нивното искористување развиени се и нови уреди, односно оптички засилувачи, а се разбира дека искористувањето на истите кабли сепак ќе бара нова опрема.
Засега ова откритие е во фаза на истражување и тестирање, но јасно е дека ќе може да се користи во иднина, а посебно кога ќе дојдеме до максимумот на оптичките мрежи во светот. Ова дополнително ќе значи можност за искористување на постојните мрежи, наместо да се додаваат нови, што исто така има свое ограничување.