Фото: Shutterstock.com

Microsoft за корисниците на нивниот основен Microsoft 365 пакет најави неколку новини кои досега им беа достапни само на корисниците на поскапките пакети, односно на Microsoft 365 Personal и Family. 

Овој пакет беше претставен пред една година и на корисниците им овозможува 100GB простор на OneDrive, Outlook.com без реклами, пристап само до веб верзиите од Office апликациите, но сето тоа за само 2 долари месечно. 

Корисниците на Microsoft 365 Basic сега ги добиваат следните функции: 

  • Заштита од Ransomware за нивните податоци во OneDrive
  • Можност за додавање на неограничен број на датотеки во Personal Vault папката, нешто што досега беше ограничено на три датотеки
  • Можност за додавање на лозинка и рок на линковите за споделување на датотеките 
  • Пристап до датотеките и папките без интернет пристап од мобилната апликација

Овие новини не корисниците им се веднаш достапни, па веќе можат да ги користат. 

ИЗВОРNeowin
Претходна статијаНаучници постигнаа многу поголеми брзини на пренос на податоци преку оптичките кабли
Следна статијаThe Browser Company презема еден од вработените во Apple кој работи на развојот на Safari
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.