За оваа година се очекуваат две поголеми новини кај Windows. Едната е поврзана со интеграцијата на вештачката интелигенција, а другата со конечно добар ARM чип кој треба да донесе добри перформанси и мала потрошувачка.

Според неофицијални извори на Windows Central, два Surface модели, кои не беа надградена минатата година, ќе бидат главните кога се во прашање новините за Windows оваа година.

Двата модели се Surface Pro 10 и Surface Laptop 6, модели кои ќе ја донесат иднината на Windows на пазарот. Нивното претставување се најавува за некаде оваа пролет, а преку нив Microsoft ќе ги презентира новините кои може да се очекуваат оваа година.

Вештачката интелигенција веќе играше главна улога кај производите од Microsoft минатата година, а оваа се очекува тоа да биде однесено на наредно ниво. Веќе можевме да прочитаме за плановите на компанијата и промените кај Windows, па изгледа конечно официјално ќе ги видиме новините во Surface линијата.  

На ова треба да се додаде и претставувањето на Snapdragon X Elite, чип кој се очекува дека конечно ќе донесе вистинска конкуренција на Apple и нивните MacBook компјутери кои работат на нивните М чипови.

Qualcomm веќе најавува дека нивниот нов чип е побрз од М3 на Apple, иако засега нема точни информации за тоа со која верзија од М3 е правена споредбата, па ќе почекаме додека тестирањата не бидат направени со производи достапни на пазарот.

Според најавите од Windows Central, Surface Pro 10 се очекува да дојде со овој чип, покрај 14та генерација од Intel. Перформансите и траењето на батеријата се споредуваат со MacBook компјутерите, па ќе видиме дали Apple навистина ќе треба да бидат загрижени.

Двата Surface уреди се очекува да имаат и мала промена во дизајнот, но поголемите промени се најавуваат за идната година.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Windows Central
Претходна статијаGalaxy S24 серијата ќе биде претставена на 17 јануари
Следна статијаNvidia претстави послаба верзија од GeForce RTX 4090 за кинескиот пазар
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.