Google Chrome официјално добива прилагодена и оптимизирана верзија за ARM чиповите, поточно за Windows компјутерите со ARM чип. Причината поради која ова дури сега се случува е што Windows компјутерите сега имаат чип кој вреди да се користи и оваа година се очекуваат повеќе компјутери со ARM чип.
Чипот кој ја прави целата оваа промена и разлика е Snapdragon X Elite, чип за кого веќе се најавува дека не само што може да се носи со М3 од Apple, тој можно е да се покаже и како доста подобар.
Поради ова, најавата на Chrome верзија е направена заедно со Qualcomm, па со оглед на тоа што на почетокот сите Windows со ARM компјутери ќе бидат со Snapdragon X Elite чипот, оптимизацијата е најавено дека е направена токму за овој чип.
Од Qualcomm посебно ги истакнуваат перформансите на Chrome кој работи на Snapdragon X Elite. Прелистувачот веќе не функционира преку „емулација“, туку како изворна апликација, па разликата е повеќекратна.
Подобрување на перформансите има дури и во споредба со x86 чиповите од Intel, па компјутерите кои ќе излезат во наредните месеци дефинитивно може да се очекува дека ќе имаат доста голема популарност.
За ова заслуга може да се препише и на Apple кои ги направија популарни компјутерите со ARM чип, нешто што Microsoft со години се обидува да го направи, но досега не беше достапен доволно добар чип.