Apple официјално го најави одржувањето на нивната годишна WWDC – World Wide Developer Conference и оваа година таа ќе започне на 10 јуни и ќе трае до 14 јуни.

Тоа што започна како нешто наметнато од пандемијата во 2020, сега продолжува како стандардна практика, па конференцијата повторно ќе биде онлајн, а не како порано со присуство на голем број на публика.

За дел од програмерите и студентите, Apple повторно ќе овозможи физичко присуство, а присутните ќе можат да ја следат конференцијата, да разговараат со членови на тимот на компанијата, како и да учествуваат во неколку специјални активности.

Како и секоја година, тоа што нас не интересира е претставувањето на наредната генерација од оперативните системи од Apple. Оваа година на ред доаѓаат iOS 18, iPadOS 18, tvOS 18, macOS 15, watchOS 11 и visionOS 2.

Иако секоја година донесува интересни новини, која повеќе, која помалку, сепак оваа година е нешто поразлична. За iOS 18 се најавува дека ќе биде најголемата надградба досега, а покрај промените во корисничкиот интерфејс, се очекуваат големи најави поврзани со генеративната вештачка интелигенција.

Конференцијата ќе може да се следи од страната на Apple, како и преку нивниот YouTube канал.

ИЗВОРApple
Претходна статијаЕвропската Комисија отвори истрага против Alphabet, Apple и Meta за неусогласеност со новиот DMA закон кој стапи на сила на почетокот од март
Следна статијаGoogle конечно ја претстави посебната верзија од Chrome наменета за Windows на ARM компјутерите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.