Фото: Qualcomm

Во октомври оваа година Qualcomm го претстави Snapdragon X Elite чипот наменет за Windows компјутерите. Иако ова не е нивниот прв ваков чип, сепак е првиот со кој се најавува сериозна конкуренција на Apple и нивните М чипови со кои популарноста на Mac компјутерите значително порасна изминатите години.

Кратко кажано, предноста на овие чипови е нивната помала потрошувачка, а конечно овие години се успева и со зголемување на нивните перформанси кои веќе можат да се мерат, па дури и да ги поминат x86 чиповите, односно тие од Intel и AMD.

Qualcomm уште на претставувањето на Snapdragon X Elite излезе со споредби со конкурентите, а знаеме на кого се мисли и тврдење дека нивниот нов чип успева да е и до 30% побрз.

Apple ја претстави третата генерација од нивниот М чип за кратко време по Snapdragon X Elite, па сега работите стануваат уште поинтересни.

Qualcomm сега тврди дека Snapdragon X Elite е побрз и од новиот чип на Apple кога е во прашање тестирање на едно јадро, а тестирањата со повеќе јадра го прават чипот 21% побрз.

Од компанијата очигледно кажуваат дека тие ги имаат поминато Apple и тоа не за мали проценти, па корисниците на Windows идната година можат да очекуваат доста добри компјутери.

Овие компјутери може да се очекуваат од летото, па натаму, а тука се и Intel кои имаат доста добри нови чипови од „класичната“ архитектура.

Причината поради која Qualcomm успева да ги стигне Apple е Oryon процесорот кој е направен од страна на компанијата Nuvia која стана дел од Qualcomm. Оваа компанија е основана од поранешни вработени во Apple, па резултатот е очекуван.

Останува да ги видиме првите тестови и споредби кога ќе има официјален уред со Windows идната година, а посебно што голем фактор тука е и софтверот, па да видиме како ќе се покаже Snapdragon X Elite.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2Digital Trends
Претходна статијаChrome доби неколку новини поврзани со безбедноста и перформансите
Следна статијаПрвпат по повеќе децении откриени нови антибиотици кои може да го решат проблемот со резистенција
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.