Apple направи мала измена кај новите MacBook Air M3 модели, поточно кај основните модели, која ќе овозможи поголеми брзини на SSD дискот, нешто што беше критикувано кај ланските со М2 чипот.

Тоа што Apple го направи минатата година, а привлече критики, е ставање на еден чип со 256GB, наместо два по 128GB како кај MacBook Air M1. Ова доведе до доста помала брзина на пишување и читање на податоците на SSD-то.

Иако повеќето корисници не би ја забележале разликата, сепак поголемата брзина најмногу може да дојде до израз во ситуации како кога SSD дискот се користи за дополнување на унифицираната меморија од 8GB. Помалата брзина може да се забележи при отворањето на апликации и работата со нив.

Новите модели го немаат овој „проблем“, па од компанијата повторно користат два SSD чипови, наместо еден. Можноста тие паралелно да функционираат, затоа што не е само еден чип, ја прави целата разлика, па корисниците ќе можат слободно да го изберат основниот MacBook Air без страв за вакви проблеми.

Проверката на брзината ја направија од YouTube каналот Max Tech, а иако е направена само на основниот MacBook Air M3 со 13 инчен екран, верувам дека исто важи и за 15 иначниот модел.

Во видеото може да се види дека брзината на впишување е 33% поголема во споредба со ланскиот модел, додека разликата е дури 82% во случајот на брзината за читање.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаMicrosoft закажа настан за 21 март на кој се очекуваат новини поврзани со Windows, вештачката интелигенција и Surface уредите
Следна статијаX станува конкуренција на YouTube со нова апликација за телевизорите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.