X планира да стане официјална конкуренција на YouTube, како и на сличните апликации, со претставување на посебна апликација за видео содржина, за почеток на паметните телевизори.
Според информациите, X планираат да ја претстават оваа нова апликација прво на Amazon и Samsung телевизорите, но секако се планира пуштање и за другите.
Повеќе информации за што точно може да се очекува нема, ни по потврдата на информацијата од страна на Елон Маск. Тој само кратко одговори на објава на X со зборовите „доаѓа наскоро“, па ќе видиме кога тоа ќе биде.
Инаку, се верува дека апликацијата изгледа исто или слично на YouTube за телевизорите. Корисниците ќе можат да ги гледаат долгите видеа кои се достапни на X, а со пуштањето на една ваква апликација може да се очекува и зголемување на достапните видеа.
X уште од минатата година се труди да ги привлече креаторите од YouTube на нивната платформа, а најголемата предност е можноста да се говори на било која тема, без цензурата која е се повеќе присутна на YouTube, а и друштвените мрежи.
Еден од поголемите примери е поранешниот водител од Fox News, Такер Карлсон, кој својата видео содржина ја објавува на X и на неговата веб страна, но не и на другите сервиси.
Ако се покажат точни информациите дека оваа апликација ќе биде пуштена оваа недела, нема да треба да чекаме многу за да ги видиме точните детали.