Samsung официјално го закажа настанот на кој ќе биде претставена наредната генерација од нивната најдобра серија на смартфони, Galaxy S24 серијата. Настанот со наслов „Galaxy Unpacked 2024: Opening a New Era of Mobile AI“ ќе се одржи на 17 јануари со почеток во 19:00 часот по македонско време.

За разлика од претходните неколку години, оваа година настанот се одржува во Сан Хозе, а секако ќе биде пренесуван во живо преку YouTube каналот од компанијата.

Како што може да се види од името на настанот, Samsung ќе даде посебно значење на вештачката интелигенција. Ова не е нешто што не изненадува со оглед на трендот генерално, па повеќето компании ќе го направат истото оваа година.

Што се однесува до другите карактеристики, Galaxy S24 се очекува дека ќе го задржи препознатливиот дизајн со мали измени, како што се повеќе рамни рамки направени од титаниум, подобрување кај камерите и слично.

Тоа што е можно да биде поголема новост е можното повторно враќање на Exynos чипот за корисниците во Европа, нешто што се надевам дека нема повторно да не стави нас како корисници во подредена позиција во споредба со тие кои ќе го имаат Snapdragon.

Настанот треба да биде навистина интересен, па со нетрпение го чекам да го гледам.

Претходна статијаX повторно го прикажува насловот од споделените линкови, сега врз самата слика
Следна статијаДва Surface модели ќе бидат првите од Microsoft со вештачка интелигенција и новиот Snapdragon X чип
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.