Фото: Shutterstock.com

За некој месец се очекуваат првите компјутери кои ќе функционираат со новиот Snapdragon X Elite од Qualcomm, а со тоа компјутерите од Apple ќе ја добијат и првата посериозна конкуренција на ARM пазарот.

Денеска Google за првпат ја пушти и првата оптимизирана и изворна верзија од Chrome наменета за Windows на ARM верзијата, па корисниците можат да очекуваат одлични перформанси. Ова покажува дека конечно Windows на ARM нема да биде само нешто што Microsoft се обидува да го „протне“, па во блиска иднина може да се очекуваат се повеќе компјутери со вакви чипови.

Видеото во продолжение прави споредба помеѓу двата конкуренти Apple M3 и Snapdragon X Elite од Qualcomm, а резултатите покажуваат дека Qualcomm не преувеличувале кога најавија колку е добар нивниот чип. Секако, ова важи за основната верзија од М3, па резултатите не се баш исти кога се користат Pro и Max верзиите, иако Snapdragon X Elite има исто така неколку верзии кои можат да бидат повторно посилни.

Во видеото добро се заклучува дека полека доаѓа крајот на x86 лаптопите, па MacBook стилот на лаптопи сигурно ќе станат главни и на Windows страната.

Претходна статијаМобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy
Следна статијаКонечно, мобилна камера која гарантира дека никогаш нема да го пропуштите моментот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.