Фото: Nvidia

Nvidia претстави посебна верзија од нивната најсилна графичка картичка GeForce RTX 4090, наречена RTX 4090D, која е направена да е послаба поради таквите ограничувања од страна на САД за компаниите кои извезуваат во Кина.

„GeForce RTX 4090 D е дизајнирана за целосно усогласување со извозните контроли на американската влада“, рече Бераондо, додавајќи дека компанијата „интензивно се ангажирала со американската влада“ при развојот на чипот. – истакна Бенџамин Бераондо, портпарол на Nvidia за The Verge.

Интересно е што RTX 4090D е само 5% послаба од RTX 4090 која се продава во остатокот од светот, но тоа е доволно за да се биде во рамките на правилата поставени од САД. Со оваа мала разлика „гејмерите“ во Кина можат да бидат сигурни дека ќе имаат доста моќна графичка за игрите.

Конкретно, RTX 4090D има 14.592 CUDA јадра, додека оригиналната картичка доаѓа со 16.384. Исто така, потрошувачката на картичката е ограничена на 425W, во споредба со 450W кај оригиналниот модел.

Главната причина за ограничувањето на продажбата на чипови во Кина е поврзана со вештачката интелигенција, нешто што е доста популарно изминатите година дена, па може да се каже дека има вистинска трка на овој пазар.

ИЗВОРDecrypt
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаДва Surface модели ќе бидат првите од Microsoft со вештачка интелигенција и новиот Snapdragon X чип
Следна статијаВештачката интелигенција ја зема работата и на „инфлуенсерите“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.