Фото: Qualcomm

По најавата на новиот Snapdragon X Elite чип од страна на Qualcomm минатата година, оваа недела конечно можеме да ги очекуваме и првите лаптоп компјутери кои треба да им донесат вистинска конкуренција на Apple со нивните М чипови и MacBook компјутери.

Од компанијата преку објава на X ја означуваат датата 24 април, а тоа е оваа среда. Тогаш можеме да ги очекуваме првите лаптоп компјутери, а тие треба да бидат претставени најверојатно од Lenovo и HP.

Snapdragon X Elite доаѓа во повеќе верзии, односно различен број на процесорски и графички јадра, а и различна потрошувачка на енергија.

Според досегашните тестирања верзиите со повисока потрошувачка се покажуваат доста добро, а ги надминуваат повеќето чипови од конкурентите.

Една од причините поради кои со нетрпение се чекаше на првите лаптопи е што конечно ќе можеме да ги видиме и првите тестови и споредби, па нема веќе да мора да зависиме од тие на Qualcomm, како и неколкуте неофицијални.

Windows лаптоп компјутерите ќе ги добијат предностите кои ги нудат ARM чиповите, каков што е Snapdragon X Elite и M серијата од Apple, а тоа е одлични перформанси со помала потрошувачка.

Посебно популарни се MacBook Air лаптопите од Apple кои не само што имаат одлични перформанси и потрошувачка, функционираат тивко без вентилатори, што ги прави одлични за корисниците на кои не им се потребни сериозни перформанси.

На страната на Windows исто така се очекуваат повеќе видови на модели, од нешто послаби, до посериозни конкуренти на MacBook Pro серијата.

ИЗВОРWccftech
Претходна статијаSamsung ги објави спортистите од европскиот тим на Samsung Galaxy за Париз 2024
Следна статијаQinshift Academy со фонд до 50.000 евра за стипендирање на најталентираните студенти
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.