Проблемите со производство кои ги има Intel поради кои веќе подолго време се одложува почетокот на 7nm чипови, одлично се погоди за повторно вратените на пазарот AMD. Тие минатиот месец ги претставија своите три нови процесори за десктоп компјутерите од Ryzen 5000 серијата и како што се очекуваше, купувачите во огромни бројки ги купуваат.

Зголемената популарност на AMD, во комбинација со застојот на Intel, сигурно се главниот фактор за големата заинтересираност за купување на Ryzen 5000 процесорите. Да беше пазарот во „нормални“ услови, сигурно претставување на нова генерација од десктоп процесори, немаше да претставува нешто толку многу важно.

Според информациите, кои сепак уште не се потврдени со официјални бројки, голем дел од продавниците каде се достапни Ryzen 5000 процесорите, ги имаат продадено во рекордно време и сега чекаат на втората залиха од AMD.

Рекордните продажби ги објавуваат повеќе продавници во Британија и Германија, па иако нема начин да се потврдат големите бројки, сепак расположението и атмосферата на пазарот прават да такво нешто реално се очекува.

Intel слободно може да се каже дека ќе мора навистина да се потруди за да не почне да губи сериозен дел од пазарот, а посебно по официјалното пуштање на M1 чипот од Apple, со што Mac компјутерите постепено ќе почнат да работат на него, наместо на Intel.

ИЗВОРTechRadar
ИЗВОР 2PC Gamer
Претходна статијаProject Taara од Alphabet ќе обезбедува брз интернет пристап користејќи светлосни зраци без кабли
Следна статија„PC Guy“ се врати повторно да покаже колку се полоши PC компјутерите во споредба со тие од Apple
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.