Apple вчера, како што и се очекуваше, го претстави нивниот прв чип наменет за Mac компјутерите. Досега Apple користеше сопствени чипови само за мобилните и таблет уредите, па како што најавија оваа година, оваа практика ја пренесуваат и кај нивните компјутери.

M1 чипот е изработен на основа на ARM архитектурата во 5nm технологија. Тоа значи дека може да се очекуваат одлични перформанси со доста помала потрошувачка, но сепак постојат одредени ограничувања. Ова е дизајн кој сепак е замислен за мобилните уреди, па не може да се спореди со перформансите со посилните компјутери, а тука е и компатибилноста на апликациите кои ќе треба да бидат прилагодени да работат на оваа архитектура.

Apple поради тоа ги најави нивните универзални апликации кои ќе може да работат на M1 чипот и на тие од Intel. За идната година се најавува поддршка од доста апликации, а до тогаш тие сепак ќе може да функционираат преку вграден емулатор во macOS системот.

На презентацијата вчера, покрај M1 чипот, беа презентирани и првите уреди кои ќе работат на него, а тоа се нови верзии од MacBook Air, MacBook Pro 13 инчи и Mac mini.

На крајот од презентацијата, како изненадување, Apple го врати Џон Хоџман кој беше еден од карактерите во рекламите од Apple за споредба помеѓу PC и Mac. Хоџман беше PC и целта на рекламите кои беа пуштани од 2006 до 2010, беше да се покаже колку послаби и „некул“ се PC компјутерите во споредба со брзите и одлично дизајнирани Mac компјутери.

Тој сега сам прави повторно шега на сметка на PC, а што има да каже можете да погледнете во продолжение.

ИЗВОРFast Company
Претходна статијаНовите Ryzen 5000 процесори од AMD се продаваат во рекордни бројки според првичните информации
Следна статијаРСБСП со потсетување: Од 15-ти ноември задолжително носење на зимска опрема во возилото
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.