Како што беше најавено, AMD оваа недела ја претстави својата најновата генерација на десктоп процесори, Ryzen 5000 серијата. Овие процесори се направени на најновата Zen 3 архитектура, која како и претходната е направена во 7nm технологија, за што AMD веќе одреден период добива предност во споредба со Intel кои уште чекаме да ја претстават нивната 10nm архитектура.

Од новата Zen 3 технологија, иако е исто така направена на 7nm како и претходната, сепак може да се очекуваат подобрени перформанси, односно како што истакнуваат од AMD, редизајнирана поставеност на јадрата, поголема максимална брзина при „boost“ и слично.

Новата Ryzen 5000 доаѓа со четири нови процесори, односно Ryzen 9 5950X, Ryzen 9 5900X, Ryzen 7 5800X и Ryzen 5 5600X. Цените на процесорите почнуваат од 299 долари, па одат до 799 за најсилниот модел во серијата. Продажбата на новата 5000 серија од Ryzen корисниците можат да ја очекуваат од идниот месец.

Овие нови процесори почнуваат со 6 јадра и 12 „тредови“, па се до 16 јадра со 32 „тредови“ кај Ryzen 9 5950X моделот. Фреквенцијата на која работат процесорите е од 3,4 до 3,8 GHz, а може да се засилат до 4,9 GHz. Ова е нешто послабо од тие на Intel процесорите, но секако не е се во оваа карактеристика, како што исто така не е се до архитектурата.

MODELCORES/ THREADSTDP (Watts)BOOST/BASE FREQ. (GHz)TOTAL CACHE
AMD Ryzen™ 9 5950X16C/32T105WUp to 4.9 / 3.472MB
AMD Ryzen™ 9 5900X12C/24T105WUp to 4.8 / 3.770MB
AMD Ryzen™ 7 5800X8C/16T105WUp to 4.7 / 3.836MB
AMD Ryzen™ 5 5600X6C/12T65WUp to 4.6 / 3.735MB

Од AMD го истакнуваат и Ryzen 9 5900X процесорот како најдобриот процесор во светот за гејминг, а директно го споредуваат со i9-10900K од Intel.

Инаку, за крајот на овој месец се очекува AMD да ги претстави и нивните нови графички картички направени во новата RDNA 2 архитектура за кои се најавува дека ќе им конкурираат на новите RTX 3000 графички од Nvidia.

Ова претставување од страна на AMD веќе се гледа како причина за најавата од страна на Intel дека нивната 11-та генерација на десктоп процесори ќе бидат претставени на почетокот од идната година.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2AMD
Претходна статијаИстражување на СЕММ: Најчести прекршувања на новинарските стандарди за време на пандемијата
Следна статијаOnePlus ја прикажа новата сјајна боја со посебна комбинација од материјали кај 8T
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.