OnePlus 8T ќе биде претставен на 14-ти октомври, а при најавата беше истакнато дека може да се очекува екран со 120Hz стапка на освежување, нешто што полека станува стандардно кај мобилните телефони, а доста влијае на корисничкото искуство.

Директорот на компанијата Пит Лау продолжува со практиката од последните неколку најави да објавува по некој детаљ од телефонот, па не сме оставени само на неофицијалните информации кои одамна се стандарден дел од новостите.

Во најновата објава од Пит Лау, тој споделува слика од задната страна од 8T, како и видео кое ни прикажува малку од предниот дел, но повторно акцентот е на задната трана. Тој истакнува дека на материјалот на задната страна и бојата имаат работено 4 месеци со цел да стигнат до комбинацијата која ја имаат добиено.

Бојата која ќе ја има, односно едната од изборот, е нијанса на зелена која е наречена „aquamarine green“ и е направена да биде сјајна, но наводно без една од слабостите на сјајните материјали, како стаклото кое се користи тука, проблеми со отпечатоци од прстите.

Како што објаснува Лау, тие имаат користено посебна техника која овозможува распрскување на светлината со што се постигнува намаленото гледање на отпечатоците.

OnePlus 8Т ќе го видиме идната недела, а овој кинески бренд продолжува со претставувањето на одлични телефони кои имаат верни фанови низ светот.

ИЗВОРOnePlus
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаAMD ги претстави Ryzen 5000 десктоп процесорите направени на новата Zen 3 архитектура
Следна статијаГласините, погрешните информации и дезинформациите што произлегуваат од медиумите во време на криза можат да наштетат на јавното здравје и безбедноста
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.