По претставувањето на OnePlus Nord, кој беше одговор од барањата на корисниците за поевтин уред, какви што беа уредите од компанијата на почетокот, OnePlus го најави претставувањето на вториот за годината уред од високата класа, OnePlus 8T.

Со оглед на тоа што најавата е официјална, информации како што би очекувале, нема многу, односно скоро и да ги нема. Тоа што се најавува е дека OnePlus 8T ќе дојде со функции кои за првпат ќе бидат воведени во еден OnePlus уред, а кои ќе бидат тие, останува да видиме.

Тоа што од компанијата се одлучија да го дадат како информација е екранот. Тој ќе дојде со стапка на освежување од 120 херци, нешто што оваа година стана доста популарно, но во главно кај телефоните од највисоката класа.

Од OnePlus исто така посебно ја истакнуваат и способноста за прикажување на бои на екранот, со висока прецизност, како и поддршка за HDR10+ стандардот, со што станува јасно дека овој уред ќе биде промовиран како одличен за гледање на видео содржина, како и играње на игри, кога ќе се земе во предвид и стапката на освежување.

Настанот на кој ќе биде претставен OnePlus 8T ќе се одржи на 14-ти октомври и ќе може да се следи во живо со почеток од 16:00 часот по македонско време.

ИЗВОРOnePlus
Претходна статијаFacebook ја проширува алатката за авторски права и за сликите
Следна статијаSamsung Galaxy S20 FE: Креиран за сите, наменет за тебе
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.