По претставувањето на Snapdragon 8s Gen 3, сега Qualcomm го претстави Snapdragon 7+ Gen 3 и со тоа овозможи доста добра понуда за средно високата класа на смартфони. Корисниците може да се каже дека сега имаат еден од најдобрите избори од било кога.

За разлика од Snapdragon 8s Gen 3, кој е првпат претставен, Snapdragon 7+ Gen 3 е надградба на веќе достапниот ваков чип од минатата година. Подобрувањата на перформансите се доста добри, па кај процесорот тие изнесуваат 15%, но подобрувањето кај графичкиот процесор е тоа што ќе направи разлика и истото изнесува дури 45%.

Сепак, повеќе внимание привлекува поддршката која Snapdragon 7+ Gen 3 ја донесува за годината кога генеративната вештачка интелигенција е нешто стандардно. Од Qualcomm истакнуваат дека чипот ја донесува можности ВИ да функционира директно од уредот за првпат кај серијата 7, а поддршката доаѓа за повеќе ВИ модели како што се Llama 2, Gemini Nano и слични.

Големото подобрување кај графичкиот процесор донесува доста подобри можности за „гејминг“, па од компанијата ги истакнуваат новите за серијата 7 функции од Snapdragon Elite Gaming, вклучувајќи ги Game Post Processing Accelerator и Adreno Frame Motion Engine 2. Од Qualcomm најавуваат подобрени ефекти и зголемување на резолуцијата до ниво на десктоп.

„Денес, ја започнуваме најновата експанзија во серијата 7 за да создадеме нови нивоа на забава за потрошувачите – интегрирајќи ги технологиите на следната генерација за побогати искуства“, рече Крис Патрик, виш потпретседател и генерален менаџер за мобилни телефони, Qualcomm Technologies. Inc. „Snapdragon 7+ Gen 3 е полн со поддршка за неверојатни функции за генерирање на вештачка интелигенција на уредот и обезбедува неверојатни перформанси и енергетска ефикасност, додека за прв пат го носи Wi-Fi 7 во серијата Snapdragon 7“.

Први кои се најавуваат дека ќе го користат овој нов чип се OnePlus, а тука се и realme и Sharp.

ИЗВОРQualcomm
Претходна статијаПролетта доаѓа – Смартус има одлична понуда на уреди за блескаво чист дом
Следна статијаБогата понуда од изложувачи и голем интерес од посетители – искористете го претстојниот викенд за посета на Саем на мебел 2024 година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.