Светот на гејмингот од оваа недела станува доста посериозен, а корисниците сигурно ќе ги издвојат своите пари за да ги подноват своите машини. Nvidia оваа недела ја претстави втората генерација од, слободно може да се нарече, револуционерната RTX серија на графички.

Новата GeForce RTX 30 серија е составена од три картички, односно од прво достапната RTX 3080, која ќе биде сигурно и најпопуларна, потоа поевтината RTX 3070 и доста поскапата и наменета за 8K играње од најнапредните гејмери, RTX 3090.

GeForce RTX серијата беше за првпат претставена пред 2 години и ја донесе во гејминот „ray tracing“ технологијата која преку сенките, осветлувањето, одбиената светлина, овозможува досега најреалистичен приказ на сликата во игрите, а кога првпат беа прикажани игри со поддршка за технологијата, никој не остана без реакција.

Од Nvidia истакнуваат дека новата серија ја донесува втората генерација од ray tracing технологијата, како и третата генерација од Tensor јадрата. Корисниците треба да очекуваат дуплирање на перформансите кај RTX 3080 картичката, а за RTX 3070 се истакнува дека е подобра од 2080 и 2080Ti од првата серија.

Картичката која најверојатно ќе го привлече најголемото внимание е GeForce RTX 3080 и истата ќе биде достапна од 17-ти септември по цена од 699 долари. Оваа картичка ќе дојде со 8.704 CUDA јадра, како и 10GB GDDR6X VRAM.

Тоа што посебно го очекуваат гејмерите, а се најавува дека ќе биде подобрено, е поддршката од страна на издавачите на игри, со што многу поголем број на игри ќе дојдат со ray tracing способности, нешто што ќе ја промени индустријата, барем за наредните 3-5 години.

Новите GeForce RTX 30 картички доаѓаат и со поддршка за HDMI 2.1 со што ќе се добие поддршка за користење на целосната стапка на освежување од страна на мониторите. Исто така, овие картички доаѓаат со поддршка за новиот AV1 кодек кој ќе направи голема разлика кај „стримингот“ на содржина.

Во продолжение можете да го погледнете официјалното претставување на GeForce RTX 30 серијата од страна на директорот на Nvidia, од оваа година познатата локација во неговата кујна.

ИЗВОРNvidia
Претходна статијаSpeak Out: Неограничено споделувај идеи и креирај онлајн со новата опција на Македонски Телеком
Следна статијаМасовното собирање на податоци од NSA ги има прекршено американските закони
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.