„One More Thing“, како што се очекуваше е првиот процесор од Apple кој е наменет за Mac компјутерите. M1 е името на „Apple Silicon“, како што ја нарекуваат ова категорија на производи од компанијата, чип кој ќе почне да се користи наместо Intel чиповите кај компјутерите од Apple.

Со оглед на тоа што M1 е чип базиран на ARM архитектурата, значи дека за почеток на овој чип ќе работат компјутерите кои не се од највисоката класа и не се наменети за професионалците кои работат со видео и слично, иако Apple најавува дека перформансите кои ги нуди можат да овозможат голем дел од таа работа.

Првиот Mac компјутер кој доаѓа со новиот M1 чип е MacBook Air. Се најавува дека овој лаптоп компјутер со новиот чип ќе има значително зголемување на перформансите и траењето на батеријата. Лаптопот добива и неколку нови можности на сметка на перформансите кои ги има новиот M1 чип, а од Apple истакнуваат дека овој лаптоп е побрз од 98% од PC лаптоп компјутерите продадени изминатата година.

Вториот уред кој беше претставен и ќе работи на M1 е нова Mac mini, компјутерот од Apple со доста мал формат кој сега добива поголемо зголемување на перформансите.

Како што се очекуваше, MacBook Pro со 13 иначен екран е третиот уред кој беше најавен и ќе работи на M1.

M1 е чип направен во 5nm технологија на основа на ARM архитектурата, односно чип како што се користат кај мобилните уреди и таблет компјутерите, а таков е и најновиот А14 Bionic кај новите iPhone 12 и новите iPad таблет компјутери.

Поради тоа што чипот е ARM, значи дека апликациите ќе треба да бидат прилагодени да може да функционираат на овој чип, а Apple со тоа ги најави универзалните апликации кои ќе може да функционираат на Apple Silicon и на Intel.

Додека повеќето апликации бидат прилагодени, тие сепак ќе можат да функционираат преку посебно вградена функција, односно емулатор.

Процесорот кај M1 е со осум јадра, од кои 4 се со високи перформанси, додека 4 се наменети за заштеда на енергија. Графичкиот процесор доаѓа исто така со 8 јадра, а тука е и процесорот за машинско учење со 16 јадра.

Ново кај M1 е што сите процесори и функции се интегрирани во чипот, како на пример безбедноста на системот.

Apple истакнува дека овој чип има најголем број на транзистори, а тоа секако се должи на 5nm технологија во која е изработен, благодарени и на тоа што е направен на ARM архитектурата.

Претходна статијаApple денес ги претставува своите први компјутери кои работат на сопствен, наместо од Intel чип
Следна статијаАжурирањето на Huawei Watch GT 2 Pro овозможува постојано следење на сатурација на кислород во крвта
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.