Shutterstock.com

Со почеток во 19:00 часот по македонско време, Apple ќе го одржи својот трет настан оваа есен, овој пат со наслов „One More Thing“, како што популарно знаеше да каже Стив Џобс пред да претстави уште еден уред.

Настанот можете да го гледате во живо преку страната на Apple на овој линк или подобро директно преку нивниот YouTube канал во продолжение (притиснете на насловот од видеото за да се отвори на YouTube).

Со оглед на тоа дека на компаниите никогаш не им е практика да најават што точно ќе биде претставено на настаните, остануваат само неофицијалните информации кои ретко грешат.

За овој пат се очекува дека Apple ќе ги претстави своите први компјутери кои ќе работат на од нив развиен чип, наместо од Intel. Ова претставува голема промена на правецот на движење на компанијата, а ако се земат како мерка овие нивни чипови кои ги користат кај мобилните уреди веќе одамна, предноста нема да биде мала.

Според Bloomberg, ќе бидат претставени три лаптоп компјутери, MacBook Pro и MacBook Air, поточно 13 и 16 инчни MacBook Pro и 13 инчен MacBook Air. Помалите уреди наводно веќе се во процес на производство, па ќе бидат прикажани на настанот, додека поголемиот MacBook Pro ќе биде достапен нешто подоцна.

Настанот е за нешто повеќе од 2 часа, па веќе и нема потреба да претпоставуваме, ќе дознаеме за кратко.

Претходна статијаКина лансира сателит за тестирање на 6G технологијата
Следна статија„Mac“ официјално почнува да работи на чип развиен од Apple
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.