Apple за 10-ти ноември, а тоа е идниот вторник, закажа уште еден настан, трет за оваа есен. Поканата ја содржи познатата реченица од Стив Џобс, „Уште една работа (One More Thing)“, со која презентираше уште еден производ на крајот од настаните.

Не знаеме што ќе претстави Apple на овој настан, но како и секогаш тука се неофицијалните информации кои говорат дека ќе го видиме првиот Mac кој ќе работи на чип од Apple наместо на Intel.

Веќе одреден период се најавува, па Apple и потврди, дека планираат и дел од нивните компјутери, за почеток, да работат на нивните одлични ARM чипови, се разбира посебно развиени и прилагодени за компјутерите.

Со оглед на тоа што Intel не може да се каже дека се баш најдобри изминатите години кога се во прашање чиповите за послабите, односно попреносливите лаптоп компјутери, Apple се реши да и овој дел од производството го преземе, нешто што кај мобилните уреди се покажува како одлична одлука.

Настанот ќе почне во 19:00 часот по македонско време и како и секогаш ќе може да се следи во живо.

ИЗВОРApple
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаDaimler Truck и Volvo Group се здружија за заеднички развој и производство на водородни ќелии
Следна статијаBloomberg најавува дека идната недела Apple ќе ги претстави првите Mac компјутери со чип од компанијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.