Shutterstock.com

Apple вчера закажа уште еден настан за оваа есен со „наслов“, „One More Thing“, како што знаеше да каже Стив Џобс на крајот од презентациите, по што ќе претставеше уште еден уред.

Што точно ќе претстави Apple секако не можеме да знаеме од самата покана, а од компанијата немаат практика да најавуваат што може да се очекува. Сепак, како и секогаш, тука се неофицијалните информации кои укажуваат на тоа дека треба да ги очекуваме првите Mac компјутери кои ќе работат на чип од Apple, наместо од Intel.

На објавата на неофицијалните информации се вклучува и Bloomberg кои прилично конкретно информираат што може да очекуваме од настанот на Apple кој ќе се одржи идниот вторник.

Според нив, Apple ќе претстави нови MacBook Pro и MacBook Air лаптоп компјутери, поточно 13 и 16 инчни MacBook Pro и 13 инчен MacBook Air. Помалите уреди наводно веќе се во процес на производство, па ќе бидат прикажани на настанот, додека поголемиот MacBook Pro ќе биде достапен нешто подоцна.

Овие уреди ќе работат на од Apple направен чип, а најверојатно се работи за нешто изменета верзија од A14 Bionic чипот којшто го имаат новите iPhone 12-ки, како и новите iPad уреди.

Bloomberg истакнуваат дека внатрешните тестирања на Apple покажале дека нивните чипови овозможуваат поголема енергетска ефикасност во споредба со чиповите на Intel, па корисниците ќе може да очекуваат подолго траење на батеријата, покрај подобрените перформанси.

Intel веќе одреден период е јасно дека има проблем со префрлувањето на понови технологии за производство, па останаа во главно на 14nm процесори.

Идната година, исто така истакнуваат од Bloomberg, Apple планира да претстави и десктоп модели со нивни чипови, односно нови верзии од iMac, iMac Pro, Mac Pro и Mac mini.

Поради тоа што Apple нема повеќе од 10% удел во пазарот на компјутери, од Bloomberg истакнуваат дека ова нема да претставува голем проблем за Intel, а Apple би се префрлиле на нивни чипови без разлика на ситуацијата во Intel.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Bloomberg
Претходна статија„One More Thing“ – Apple закажа уште еден настан за 10-ти ноември
Следна статијаGalaxy S21 повторно најавен за претставување во јануари
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.