Веќе можевме да прочитаме неофицијална информација според која Samsung планира порано да ја претстави наредната генерација од Galaxy S серијата, за околу месец дена. Тоа значи дека претставувањето би било во јануари, наместо крајот на февруари како што е стандардно повеќето години, со ретки исклучоци.

Доколку Galaxy S21/S30 биде претставен во јануари, тоа значи дека веќе до крајот на месецот или почетокот на февруари, корисниците ќе можат да почнат со купување на телефоните.

Заедно со оваа информација, објавени беа и првите „рендери“ од тоа како може да изгледаат новите модели и тоа што се истакнува е дополнително намалување на заобленоста на екранот и редизајн на модулот за камерите на задната страна.

Познатиот портал SamMobile објавува дека дополнителни страни излегуваат со информации за тоа дека Samsung планира да го претстави Galaxy S21 во јануари. Обично, кога некоја неофицијална информација доволно често ја има и од повеќе страни, е знак дека истата најверојатно ќе се оствари.

За Galaxy S21 серијата се очекува дека повторно ќе дојде во три варијанти, Galaxy S21, Galaxy S21+ и Galaxy S21 Ultra. Овие телефони треба да работат на Snapdragon 875, а добри вести за корисниците кои не се во САД, Exynos 2100 идната година нема да биде послаб од Snapdragon и корисниците може да очекуваат исти или дури и подобри перформанси од американската верзија.

Причината поради која се очекува Samsung порано да ја претстави новата Galaxy S серија се гледа најмногу во корона кризата и послабите продажби на S20-ките. Од компанијата поради тоа дури го изгубија првото место на пазарот, за кратко, па повторно го вратија во втората половина од 2020.

ИЗВОРSamMobile
Претходна статијаBloomberg најавува дека идната недела Apple ќе ги претстави првите Mac компјутери со чип од компанијата
Следна статијаSamsung го претставува SmartThings Find, новиот начин за брзо и едноставно лоцирање на Galaxy уредите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.