Shutterstock.com

Главниот чип од Samsung за оваа година, Exynos 990, кој од компанијата го вклучуваат во своите најдобри модели како Galaxy S20 и Galaxy Note20 надвор од САД и уште неколку други земји, не привлече баш многу позитивни критики.

Причината за тоа е што овој чип се покажа во сите тестирања дека работи послабо од Snapdragon 865, кој од Samsung го вградуваат во своите уреди, меѓутоа за американскиот пазар. Тестирањата покажуваат дека корисниците со Exynos во споредба со Snapdragon варијантата, добиваат послаби перформанси, послабо траење на батеријата и поголемо загревање на уредот.

Ова беше доволно често кажано да со сигурност може да се очекува дека Samsung нема да дозволи уште една година да помине така. Наредната година, Exynos 2100 или како и да биде наречен, ќе биде навистина моќен чип, а за тоа говорат неофицијалните информации кои ги објави познатиот Ice universe.

Според тоа што тој го има откриено во апликациите за тестирање на перформансите, наредниот Exynos ќе има барем едно Cortex-X1 јадро од ARM. Ова е најновото од ARM и се најавува дека ќе овозможи до 30% подобрување во перформансите.

Исто така, најновото од ARM за јадра со добри, но до некаде штедливи перформанси, исто така овозможува големо подобрување, па чиповите кои ќе бидат направени со овие јадра може да се очекува дека ќе го овозможат најдоброто во тој момент.

Според информациите Qualcomm исто така планира да го вклучи Cortex-X1 јадрото за Snapdragon 875 идната година, што значи дека Exynos дури и да не се подобри, барем идната година нема да бидат полоши од својот најголем конкурент.

ИЗВОРNotebook Check
Претходна статијаПретставен OnePlus 8T со 120Hz стапка на освежување на екранот и 65W брзо полнење
Следна статијаScania ќе ја тестира заштедата на гориво со покривање на цела приклолка со соларни панели
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.